Со 75 отсто наместо досегашни 50% Владата ќе учествува во два модела од проектот „Купи куќа - купи стан" при купување куќа. Владата на последната седница ги подобри условите од кредитирањето на граѓаните при купување куќа, па така кога се зема кредит за куќа, Владата ќе учествува со 75 отсто од субвенционирањето. Ако висината на кредитот е 50.000 евра, Владата ќе субвенционира 15.000 евра или на месечни рати во првите години 247 евра ќе плаќа Владата, а 83 евра отпаѓаат на купувачот на куќата. Слични се односите на учеството и во следните две години. Во вториот модел Владата, исто така, го зголемува своето учество на 75 отсто, што значи дека Владата ќе учествува со 9.375 евра. Во двата модела учеството на Владата е за првите пет години.
Со 75 отсто наместо досегашни 50% Владата ќе учествува во два модела од проектот „Купи куќа - купи стан" при купување куќа.
Владата на последната седница ги подобри условите од кредитирањето на граѓаните при купување куќа, па така кога се зема кредит за куќа, Владата ќе учествува со 75 отсто од субвенционирањето. Ако висината на кредитот е 50.000 евра, Владата ќе субвенционира 15.000 евра или на месечни рати во првите години 247 евра ќе плаќа Владата, а 83 евра отпаѓаат на купувачот на куќата.
Слични се односите на учеството и во следните две години.
Во вториот модел Владата, исто така, го зголемува своето учество на 75 отсто, што значи дека Владата ќе учествува со 9.375 евра. Во двата модела учеството на Владата е за првите пет години.
Како што појасни мининистерот за финансии, Зоран Ставрески, врз база на разговори со граѓаните Владата одлучи законски да им дозволи на оние кои имаат помала куќа да ја урнат или да ја доградат користејќи го проектот „Купи куќа, купи стан".
Новина во овој проект е и одлуката доколку купувачот или корисникот на кредитот во следните 10 години има можност предвреме на го врати кредитот, да не ги враќа парите од субвенционирањето.
Оваа мерка ќе се однесува и на оние кои досега зеле кредит, додека другите мерки стапуваат на сила по донесувањето на законот.
Исто така, владата одлучи ваков кредит да може да се користи и за станбени куќи кои ги изградил друг, како што се типските куќи во Прилеп, Општина Илинден, и на други места.
На овие подобрени мерки Владата се одлучила со цел да ги изедначи условите за оние кои купуваат куќа со оние кои купиле стан, затоа што во случај на градење куќа, има дополнителни трошоци за купување земјиште.
Министерот Ставрески рече дека, наместо еднаш годишно да се одлучува за субвенционирање на проектот, сега тоа ќе се прави на секои 45 дена и Комисијата ќе ги разгледува пристигнатите барања.